Нaјекономичниот градски автомобил Mitsubishi Space Star, пристигна во Македонија. Само 4 литри на 100 км е потрошувачката на гориво на новиот Space Star и е со исклучително ниска емисија на CO2, благодарејќи на компактниот и ефикасен мотор, што го прави да биде најекономичното возило и едно од најаеродинамичните автомобили во својата класа, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd: 0.27. Декларираната вредност за потрошувачка изнесува 4 литри на 100 км и тоа се однесува на возило со зафатнина на мотор од 1 литар и 71 кс. Убава вест е што кај нас пристигна новиот Mitsubishi Space Star, мошне привлечен за македонските купувачи, како од аспект на дизајнот така и од аспект на прифатливоста на цената, притоа имајќи предвид дека е речиси целосно опремено во својата стандардна верзија, почнувајќи од старт/стоп функцијата, преку системите за безбедност и 6-те воздушни перничиња, клима уред, електрика итн и пред се ниската потрошувачка на гориво.
Нaјекономичниот градски автомобил Mitsubishi Space Star, пристигна во Македонија.
Само 4 литри на 100 км е потрошувачката на гориво на новиот Space Star и е со исклучително ниска емисија на CO2, благодарејќи на компактниот и ефикасен мотор, што го прави да биде најекономичното возило и едно од најаеродинамичните автомобили во својата класа, со коефициент на отпор на воздухот од само Cd: 0.27.
Декларираната вредност за потрошувачка изнесува 4 литри на 100 км и тоа се однесува на возило со зафатнина на мотор од 1 литар и 71 кс.
„Убава вест е што кај нас пристигна новиот Mitsubishi Space Star, мошне привлечен за македонските купувачи, како од аспект на дизајнот така и од аспект на прифатливоста на цената, притоа имајќи предвид дека е речиси целосно опремено во својата стандардна верзија, почнувајќи од старт/стоп функцијата, преку системите за безбедност и 6-те воздушни перничиња, клима уред, електрика итн и пред се ниската потрошувачка на гориво", изјави директорот за маркетинг на Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ.
Space Star, новиот модел на Mitsubishi, се појавува како одговор на се понагласената потреба на луѓето за помало, но удобно градско возило, со исклучително ниска потрошувачка, ниска емисија на штетни материи, во исто време безбедно и но богато опремено возило.
Вкупната должина на возилото изнесува 3,71 метар, но зачудувачки е големината на внатрешниот простор на кабината, каде должината на корисниот простор за седење е 1651 мм, што го прави да биде еден од најудобните возила во својата класа. Импресивен е и фактот дека ова возило има капацитет на багажен простор од 235 литри.
Неговата конструкција со висока цврстина позната под името RISE (Reinforced Impact Safety Evolution), овозможува апсорпција на удари и постигнување исклучителна безбедност.